Јанев останува премиер на Бугарија до изборите

Новата преодна бугарска влада положи заклетва, именувана со декрет на претседателот Румен Радев, премиер повторно е досегашниот привремен – Стефан Јанев.

Јанев му се заблагодари на претседателот Радев за довербата, пренесува БГНЕС.

Вчера Радев ги распиша предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 14 ноември.

Новите избори се одржуваат по неуспешните обиди на партиите по изборите во април и јули да формираат влада.

На 14 ноември ќе се одржат и претседателските избори а актуелниот шеф на државата ќе се кандидира за уште еден мандат.