17.8 C
Skopje
недела, мај 12, 2024

Јанева барала пари за СЈО пред да биде уапсена

Катица Јанева пред да биде разрешена испратила барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство и согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето, изјави министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашања зошто се предвидени 3,7 милиони евра за СЈО во Буџетот за 2020 година, кога таа институција повеќе не постои.

– Разговаравме во Министерството за финансии. Имаме ситуација во која Катица Јанева пред да биде разрешена испратила буџетски циркулар и барање за буџет за Специјалното јавно обвнителство. Согласно законот, Министерството за финансии е должно да го почитува барањето. Ќе видиме како ќе помине тоа во Собранието. Во секој случај, тоа се средства што потоа ќе бидат распределени во Јавното обвинителство генерално – рече Дескоска, на денешната прес-конференција во Министерството за правда.

Инаку, претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев денеска излезе на протестот на администрацијата за исплата на додатоци и ги поддржа вработените во неговиот суд. А, министерката за правда, Рената Дескоска, порача дека тоа е лесно, но потешо е да се даде поддршка на протест за морални вредности.

– Во однос на тоа што го видовме дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев дава поддршка на оние кои протестираат од неговиот суд, можам да кажам дека е многу лесно да дадете поддршка на луѓе кои протестираат за зголемување на средства особено ако тие ви се вработени. Многу потешко е дадете поддршка на протест за морални вредности. Искрено очекувам претседателот на Кривичниот суд да излезе со протест и да  влијание врз своите колеги со јасност и гласност зошто некои судења не се закажуваат и по три месеци, зошто застаруваат предмети во неговиот суд – рече Дескоска.