Јаневски: Македонскиот туризам може да оствари во 2022-ра над 400 милиони долари

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски смета дека македонскиот туризам може да ја заокружи годинава со повеќе од 400 милиони долари и реализирани над 2,6 милиони ноќевања.

Како што напиша на својот фејсбук профил, девизниот прилив во вториот квартал 2022 година споредбено со истиот период лани е зголемен за 46 отсто и изнесува повеќе од 106 милиони американски долари.

-Девизниот прилив први два квартала 2022 споредбено со истиот период 2019 година е за 20 проценти зголемен. Можеме до целта за 2022 година во македонскиот туризам: повеќе од 400 милиони долари, повеќе од 2,6 милиони ноќевања, наведува Јаневски.