На само неколку часа пред стартот на пријателскиот меч на нашата фудбалска репрезентација против Словенија, на јавноста и е познат и составот со кој селекторот Ангеловски ќе атакува на победа на домашен терен и за првпат по речиси една година пред публика на Арената „Тодор Проески“.
Селекторот Ангеловски ќе игра во формација 3-5-2, а ова е и стартната постава:
На голот ќе биде Димитриевски, а во одбраната Ристовски, Муслиу и Велковски. На средината на теренот ќе истрчаат Николов, Костадинов, Адеми и Алиоски, а пред нив ќе се најде и капитенот Горан Пандев. Во нападот ќе бидат Елмас и Трајковски.
За потсетување, денешнот дуел е закажан со почеток во 18. часот.