Ангеловски: Пописот или ќе биде штелуван, или нема да биде признаен доколку не ги исполни потребите на власта

Страшо Ангеловски, лидер на МААК во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“, зборуваше за пописот каде посочи дека постојат две можни решенија. Според него едното решение е дека пописот ќе биде штелуван, а другото е дека доколку не биде штелуван според потребите на власта тогаш пописот нема да го признаат.

„Во име на пописот ќе се влегува со валкани чевли од надвор, ќе им се влегува на луѓето дома и ќе се врши пописот и еве и тоа да го прифатиме доколку навистина се сака да се направи една сериозна статистичка операција со која Република Македонија конечно ќе знае дека имаме толку домаќинства, толку имот и слично. Се поставуваат две можни решенија.Прво доколку е тоа така, доколку пописот како што ни велат ќе биде статистичка операција како тогаш претставник на ДУИ, дел од власта вели дека нема да го признаат доколку Албанците излезат под 20%, тоа веќе невестува дека пописот ќе биде штелуван, не смее алабнското малцинство да падне под 20%. Второ доколку не биде штелуван и доколку излезе 18% или 16.4% тогаш пописот нема да биде признаен зошто имаме врзан потпис и тогаш кој ќе ги сноси трошоците, тоа е извонредно скапа операција. Пописот не е операција која се изведувад со 5.000 или 10.000 евра. Значи можеме да влеземе во две варијанти во врска со пописот“, рече Ангеловски.