Англија и Велс ја зголемија возраста за стапување во брак

Во понеделникот во Англија и Велс стапи на сила законот со кој се покачи на минималната возраст за склучување во брак од 16 на 18 години, чија цел е да се заштитат младите девојки од присилните и договорни бракови, се вели во соопштението објавено на мрежната страница на владата на Велика Британија.

„Во моментов експлоатацијата на социјални ранливите деца преку склучување бракови под секакви околности е незаконски и казниво под секакви, без разлика дали станува збор за присилно или не“, се наведува во објавата.

Како што се истакнува, досега присилниот брак се сметаше за кривично дело само доколку станува збор за користење некаков вид принуда, како на пример закана. Според новите одредби од законот, сега за тоа не се потребни никакви докази и со него се опфатени и веќе регистрираните бракови и неофицијалните церемонии на склучување на брак, што го практикуваат бројни конфесии и мигрантски заедници во Обединетото Кралство.

„Ова е значаен ден за активистите коишто неуморно работеа изминатите пет години за да издејствуваат забрана на детските бракови во оваа земја“, изјави за британските медиуми пратеничката Полин Латмат

Со законот, исто така, во брак нема да можат да стапат и 16 и 17-годишници, дури и со согласност на родителите. Но во другите две британски покраини Шкотска и Северна Ирска минималната возраст и натаму останува 16 години со родителска согласност.

„Ова ќе стави крај на присилните бракови, кои можат да доведат до долгогодишни нарушувања кај децата. Покрај тоа, оваа промена е една од формите на владината посветеност во борбата против насилството врз жените и девојчињата“, се додава во објавата.

Лицата коишто ќе бидат прогласени за виновни за договарање детски бракови, се под закана од седумгодишна затворска казна.

Весникот The Guardian наведува дека во 2021 година, владината служба за присилни бракови интервенирала во 118 случаи во кои беа вклучени деца жртви. Судовите, исто така, издале 3.343 налози за присилна заштита на бракот спречувајќи користење закани, насилство или емоционална злоупотреба како начин да принуди лице на брак, во периодот одвоведувањето на прописите во 2008 година и септември 2022 година.

Добротворната организација Карма Нирвана, која ги заштитува девојчињата на возраст од 11 години од детски бракови и е членка на коалицијата од здружените против таквата практика им помогнала на 177 женски деца изложени на ризик од принуден брак преку својата телефонска линија за помош меѓу 2020 и 2022 година.