Англичаните бесни, барале да се промени судијата за мечот со Холандија

УЕФА одлучи германкиот судија Феликс Цвајер да го суди полуфиналниот дуел на ЕП помеѓу Англија и Холандија, а оваа одлука донесе бурна реакција од страна на англиската јавност и англиската фудбалска федерација.

Цвајер пред 10 години беше суспендиран за наместен натпревар и мито од 300 евра. Тие сметаат дека е неверојатно тоа што УЕФА за ваков важен натпревар се одлучила за судија со такво минато.

Се шпекулираше дека може да дојде до промена, но сепак тоа нема да се случи. Очигледно од УЕФА веруваат дека Цвајер е достоен на високо ниво да си ја одработи задачата.

Фото: euro2024.com