Англија трета во Лигата на нациите

Фудбалската репрезентација го освои третото место на првото издание на Лигата на нацијата откако во Гимараеш во неделата ја победи Швајцарија со 6:5 по изведувањето на единаесетерците.

Со освојувањето на третото место Англија заработи 8 милиони евра, додека на Швајцарија ѝ припаднаа 7 милиони евра. Во вечерашното финале во Порто се среќаваат Португалија и Холандија.

По 120 минути игра немаше голови, а прашањето на победникот беше решено во шестата серија од пенал-рулетот, кога Џордан Пикфорд го одбрани ударпт на швајцарскиот играч Јосип Дрмиќ.

Англичаните беа поблиску до победата и имаа неколку одлични шранси а дри трипати ја затресоа конструкцијата на противничкиот гол, но во 120 минути игра не успеаја да го совладаат Јан Зомер. Особено непрецизен беше Рахим Стерлинг кој имаше четири големи шанси за погодок.

Англија веќе во втората минута можеше да дојде во водство, кога капитенот Хари Кејн шутираше а Јан Зомер со врвовите на прстите ја доби топката во стативата. Во 14 минута одлична шанса имаше и Рахим Стерлинг, но од непосредна близина путираше рамно ви Зомер. Стерлинг лошо шутирапе и во 29 минута по одличното нафрлување на Александер-Арнолд Трент, Беког на Ливепрул одлично нафрли и во 35 минута, но тогаш лошо шутираше Деле Али. Швајцарија во првото полувреме имаше само една шанса, во 39 минута од работ на шеснаесетиникот шутираше Харис Сеферовиќ, но неовиот удар го блокираше Хари Мегваер.

Во продолжението од мечот први повторно се заканија Англичаните, односно Швајцарците ќе си постигнеа автогол. Во 55 минута Роуз уфрли пред швајцарскиот гол, а Шар во оби да ја избие топката во поле ја погоди стативата на својот гол. Само две минути по брза контра се закани Швајцарија, но Покфорд одлично го одбрани ударот на Гранит Џака, Во 83 минута конечно беше постигнат погодок, кога Калам Вилсин го доведе во водство „Гордиот Албион“, но романскиот судија Хатеган по прегледот на ВАР-от го поништо голот поради прекршок во нападот.

Англија беше поблиску до погодок и во продолжениејата и во овие половина час игра имаше дури три одлични шанси. Во 99 минута Али и Стерлинг го загрозија противничкиот гол, но Зомер во двата наврата одлично интервенираше. Прво од самиот агол ја извади топката по ударот со глава на Деле Али, а потоа го сопре и повторниот удар на Стерлинг. Во 117 минута повторни Стерлгин имаше шанса, но од слободен удар ја погоди стативата.

Во пенал-серијата одлуката падна дури во шестата серија, а трагичар беше напаѓачот на Борусија Менхегналдбах, Јосип Дрмиќ, чиј удар го сопре Покфорд. За Англија погодија Мегваер, Баркли, Санчо, Стерлинг, Покфорд и Диер, а за Швајцарија – Цубер, Џака, Аканчи, Мбабу и Шар.