Англиската репрезентација е најскапа на ЕВРО 2024

Англиската фудбалска репрезентација има најголема вредност на трансфер пазарот од сите учесници на Европското првенство кое утре почнува во Германија.

Според порталот Трансфераркт, англиските репрезентативци вкупно вредат 1,52 милијарди евра.

Над границата од една милијарда евра се и Франција (1,23) и Португалија (1,05).

Четврта е Шпанија (965 милиони евра), а на петтото место се Германците (851).

На последното место е романската репрезентација која вреди 92 милиони евра.