Во интервју за ТВ Сител вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека за автопатот Кичево-Охрид имало застој, не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средства.
Тој објасни дека сега се обезбедени средства.
„Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево-Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид“, рече Анѓушев.
Тој истакнува дека очекува дел од автопатот кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри, да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година.
Вицепремиерот ги отфли наводите дека автопатот Миладиновци -Штип доцнел.
„Напротив, овој пат се градеше четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба“, рече Анѓушев.