Анкара: До крајот на август или во септември – втора испорака на С-400

Турција очекува во втората половина на август или во септември да биде реализирана втората испорака на одбранбениот ракетен систем С-400, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар, цитиран од весникот „Катимерини”.

-Во август или во септември ја очекуваме втората испорака на С-400 за земјата, рече Акар.

„Бидејќи беше прекинат Договорот за нуклеарните сили со среден и помал дострел   Турција ќе има се поголема потреба од системите С-400“, наведе Акер.