Скептицизмот во врска со вакцините против Ковид-19 останува широко распространет во Европската унија, изјави висок претставник на заедницата во врска со истражувањето на граѓаните на ЕУ, јави ДПА.
– Триесет и три проценти од граѓаните на ЕУ велат дека не сакаат да се вакцинираат при прва можност, па дури и до крајот на годината, изјави Мартин Зелмајер, пратеник на Европската комисија во Виена.
Тој посочи дека тие ставови ризикуваат да ја поткопаат целта на ЕУ за постигнување колективен имунитет оваа година.
Зелмаер наведе податоци од ново истражување спроведено врз 27.000 граѓани на ЕУ во февруари и март.
Претставникот на ЕУ повика на разбирање ако планираниот документ за вакцинација „зелен сертификат“ во рамките на ЕУ не работи со 100 проценти од самиот почеток.