Крајно десничарската партија Национален собир (RN) нема да освои мнозинство места во францускиот парламент по вториот круг од парламентарните избори в недела, покажуваат резултатите од анкетата на Harris Interactive.
Анкетата покажа дека партијата Национален собир и нејзините сојузници ќе добијат од 190 до 220 места. Тоа е многу помалку од потребните 289 места за мнозинство. Пред тоа, анкетите покажаа дека по првиот изборен круг, Народниот собир има изгледи да добие меѓу 250 и 300 претставници.
Според сегашното истражување, на второ место е левата коалиција Нов народен фронт, со 159 до 183 места, додека центристичкиот блок на претседателот Емануел Макрон е на трето место со 110 до 135 места.
Вториот изборен круг ќе се одржи на 7-ми јули.
Повеќе од 200 кандидати од целиот политички спектар се согласија да се повлечат од трката за локалните избори за да му направат пат на кандидатот за кој се верува дека најверојатно ќе го победи кандидатот за Националниот собире во нивната изборна единица.
Станува збор за од порано познатата практика позната како „Републикански фронт“, кога сите партии се сојузуваат против крајната десница за да спречат нејзина изборна победа на секое ниво. Таквата тактика, на пример, го „осакати“ Националниот собир на локалните избори чии кандидати водеа по првиот круг во најголемиот број локални едници, но по вториот победија во само неколку.
Меѓутоа, некои француски политички коментатори сметаат дека не е сигурно дека гласачите ќе го поддржат овој план. Центристичките гласачи, според нив, можеби се двоумат да гласаат за кандидат на крајната левица, а многу левичарски гласачи се многу разочарани од Макрон што можеби нема да можат да изразат поддршка за кандидат од неговата коалиција.
Националниот собир дојде до израз по првиот круг од изборите, бидејќи ризикувањето на Макрон со предвремените избори не се исплатеше. Неговиот центристички блок заврши на далечното трето место, зад крајната десница и набрзина обединетата крајно левичарска алијанса. Сепак, некои политички коментатори велат дека Макрон со распишувањето на превремените избори, всушност, го спречил натамошното губење на довербата на гласачите во неговата политичка формација.