Анкета: Граѓаните повеќе веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ

ВМРО има убедливо водство по сите прашања и групи пред СДСМ. Граѓаните повеќе веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ.

Според резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби, владејачката партија има убедливо водство во девет точки според кои граѓаните требало да го дадат своето мислење.

republika-anketa-1

Дури 51 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО – ДПМНЕ би била подобра партија за економијата и отварање на работни места, наспроти 24, 3 отсто кои довербата за ова прашање му ја доверуваат на СДСМ.

Во однос на борбата со корупцијата и криминалот 36, 1 отсто ограѓаните сметаат дека владејачката партија подобро би се справила со овој проблем, наспроти 28-те отсто кои довербата му ја довериле на СДСМ.

Во однос на стабилноста и безбедноста на државата 42 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би била партијата што подобро би можела да се справи со овој проблем, а според 25, 2 отсто тоа би била СДСМ.

Слична е состојбата и по однос на прашањето за интеграцијата на семјата во ЕУ и НАТО, како и за меѓуетничките односи.

Во однос на прашањата за поддршката на граѓаните во социјален ризик, како и за поддршката на пензионерите, земјоделците и младите владејачката партија има повеќе од двојно водство пред СДСМ.

Според анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што може да отвори повеќе работни места, што има подобри економски резултати, подобра е од СДСМ во однос на обезбедување стабилност и безбедност во државата, како и дека води поголема грижа за ранливите категории од населението, за пензионерите, за земјоделците, за младите…

republika-anketa

Телефонската анкета е спроведена во периодот од 5 до 8 октомври годинава, а во рамки на неа 1.110 испитаници одговорија на повеќе прашања поврзани со довербата во работата, како и за капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, како најголеми партии на македонската политичка сцена.

На прашањето, пак, Која партија е подобро организирана и има повеќе кредибилитет во однос на исполнување на зацртаните планови  програми, 49,9 отсто се изјазниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 18,5 проценти, кои одговориле дека СДСМ е подобро организирана партија.

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра програма и подобар политички кадар од опозицискиот СДСМ.

Повеќе за анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје на следниот линк.