Анкета: Киличдароглу со поголема поддршка од Ердоган

Резултатите од најновата анкета на „Конда“ покажуваат дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има околу пет проценти помала поддршка од неговиот политички опонент Кемал Киличдароглу воочи претседателските избори што се закажани на 14 мај.
За Ердоган се изјасниле 43, 7 проценти од испитаниците, додека 49,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за Киличдароглу.
Резултатите од анкетата сугерираат дека нема да има победник во првиот круг од претседателските избори и најверојатно Ердоган и Киличдароглу ќе одат во втор круг, што ќе се одржи на 28 мај.