Ердоган повика на поништување на изборите во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека изборните власти би требало да ги поништат локалните избори во Истанбул поради нерегуларности, во прв ред поради именувањето на службениците кои ги чувале гласачките кутии, објави во средата весникот Sabah.

Првичните резултати покажуваат дека на изборите за градоначалник на Истанбул, главната опозициска националистичка Републиканска народна партија (CHP) по 25 години победила на изборите за турскиот мегалополис, но резултатот е многу тесен а владејачката Партија на правото и слободата (AKP) вложи жалби за прегласување на многу избирачки места.

Обраќајќи им се на новинарите во авионот на враќање од постетата на Москва, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рекол дека не биле насекаде почитувани пропиосите кои бараат гласачките кутии да ги чуваат јавните службеници.

„Тоа го утврдија колегите. Секако, сето тоа предизвикува сомневаа. Долку се погледне искрено, тоа водо кон поништување“, рекол Ердоган.

Одлуката за поништување може да ја донесе државната изборна комисија.

Висок функционер на владејачката AKP изјави во вторникот дека ќе бараат ново гласање во Истнабул, откако беше одбиен обидот на партијата за ново пребројување на гласовите по низата пребројување на гласовите од поединечни гласачки кутии.

Претседателот Ердоган во понеделникот рече дека локалните избори биле нарушени од „организираниот криминал“ на избирачките места во Истанбул. Губењето на власта во најголемиот турски град, би претставувало удар за владејачката партија којашто речиси две децении нема загубено ниедни избори во Турција.

Инаку, севкупно на локалните избори во Турција победи AKP со освоени 44,33 отсто од гласовите. а следат CHP so 30,12, отсто YJY со 7,45 и MHP со 7,31 отсто од гласовите.