Во најновата анкета на ИРИ се покажува и менување на перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот. 14 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека кавлитетот на животот во земјава се подобрува.
Во споредба со последната анкета од јуни годинава, перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот пораснала за 3 процентни поени.
Последната анкета на ИРИ: Се подобрува квалитетот на животот
Во споредба со анкетите од минатите години, последната анкета на ИРИ покажува дека позитивно на прашањето дали се подобрува квалитетот на животот, одговориле најголем број граѓани во последните 5 испитувања на јавното мислење.
Рекордно високо мислење на граѓаните и за намaлувањето на невработеноста. Дури 45 отсто од анкетираните сметаат дека во последната година се намалила невработеноста. Во споредба со минатите анкети, ова е историски највисок процент на граѓани, кои сметаат дека невработеноста се намалила во последната година.
Забележан е раст на евроскептицизмот. Речиси секој четврти граѓанин на Македонија е против влез на земјата во Европската Унија. 72 отсто од анкетираните поддржуваат влез на Македонија во ЕУ што е најниското ниво, кое го измерила ИРИ од 2006 година и идентично со анкетите во 2014 година.
Анкетата покажува значително подобрување на општата и генерална слика за државата.
Инаку при презентација на бројките и рејтинзите за поддршка на партиите се очекува да се потврди убедливата разлика на поддршката на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.
Оваа анкета на ИРИ била спроведена преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври, годинава, на примерок од 1.106 македонски граѓани.
Инаку сите анкети објавени во последните неколку месеци покажуваат раст на довербата на граѓаните во премиерот Никола Груевски и во ВМРО-ДПМНЕ.