Анкета на „МАРКЕТ ВИЖН“: Водство на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Македонија се движи во погрешна насока, ова го покажува последната анкетата на „МАРКЕТ ВИЖН“, спроведена по барање на Пресинг ТВ.

На една недела пред одржувањето од првиот круг на претседателските избори, резултатите  од анкетата покажуваат дека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Гордана Силјановска Давкова би гласасале 18,6 отсто, а за заедничкиот канидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски би гласале 18 проценти. За кандидатот поддржан од БЕСА и Алијанса за Албанците би гласале 8,4 отсто. Голем процент од анкетираните 28,7 проценти се изјасниле дека се уште не знаат за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат. 26,3 отсто одговориле дека нема да гласаат или дека не знаат дали ќе гласаат.

На прашањето: Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале – 14,2 отсто одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 13 проценти за СДСМ, за Алијанса за Албанците 3,1 отсто, за ДУИ 2,8 проценти, за БЕСА 1,2 отсто. Повторно голем е бројот на оние кои не знаат 23,5 проценти и кои не сакле да откријат 23,7 отсто.

73,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат на изборите, а 15,6 проценти рекле дека нема да излезат на денот на гласањето.

48,7 отсто од испитаниците сметаат дека државата во овој момент се движи во лоша насока, а 39,1 проценти се изјасниле дека се движи во добра насока.

54,2 отсто не веруваат дека со претседателските избори може да се смени на подобро, а 32 проценти се изјасниле дека може.

Испитувањето на јавното мислење покажува дека Гордана Силјановска Давкова има поголема поддршка кај Македонците. 17,8 отсто од испитаниците од македонска националност рекле дека ќе го дадат гласот за канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а 12 проценти за Стево Пендаровски. 2,5 отсто од испитаниците од албанска националност се изјасниле дека ќе гласаат за Стево Пендаровски, а 7,5 проценти за Блерим Река.

Анкетата покажува и дека голем број од младите испитаници ја поддржуваат Гордана Силјановска Давкова. Од анкетираните на возраст од 19 до 29 години податоците покажуваат дека 3,4 отсто би гласале за Гордана Силјановска Давкова, 1,9 проценти за Стево Пендаровски и 1,3 отсто за Блерим Река.

Анкетирањето е спроведено на 14 и 15 април 2019 година со помош на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер, на примерок од 668 испитаници (статистичка грешка: 10% (+-5%); интервал на доверба: 99 проценти.

Примерокот е репрезентативен според регион, пол и возраст. Во однос на националност, на барање на Пресинг ТВ е изработено сценарио во кое процентот на албанско население изнесува 22 отсто пресметан како просек од податоците од Пописот на население од 2002 година (25%) и податоци пренесени во некои медиуми за проценка на албанското население во Македонија (18%).