Нивото на демокартија во Македонија се оценува дека оди во лоша насока. Дури 52 проценти од македонските граѓани во анкетата на Националниот демократски институт (НДИ) од САД оцениле дека Македонија оди во лоша насока, а додека само 16 отсто мислат оти има подобрување.
Најмногу ова мислење го делат испитаниците на возраст од 18 до 29 години (54 лошо/ 12 подобрување) и оние над 60 години (55/ 17).
Анкетата забележува дека дури 31 отсто од членовите на СДСМ велат оти нивото демократијата е лошо, а 40 сметаат дека се подбрува. Кај симпатизерите на ДУИ тој сооднос е 42-36. Највисок е процентот кај приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ 81-4.
Подршката за ЕУ е поголема во однос на оние кои се против.
Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%, преку CAPI и CAWI телефонски и интернет анкети. Нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април годинава.
Истражувањето е спроведено телефонски. Оттогаш во Македонија се случи повторниот бран на корона, немањето на вакцини па за очекување е поддршката за власта да се намалува.
И како капак на се ги имаме пожарите, каде власта во недостик на опрема и кадар беше принудена да бара помош од неколку земји.
НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.