Граѓаните сметаат дека се зголемува бројот на диви депонии во државава, ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење презентирано на емисијата Детектор на телевзија Сител.
Или на прашањето дали сметате дека се зголмеува бројот на диви депонии 48, 4 проценти од испитаниците одговараат потврдно, односно велат дека се зголемува бројот на диви депонии. На истото прашање околу 26 велат дека бројот на диви депонии останува ист.
На прашањето пак дали знаете дека е дозволен узвоз на отпад, 49, 1 процент од граѓаните велат дека знаат. Голем дел од граѓаните или 89,6 проценти сте против увоз на отпад, а според 63,9 проценти од испитаниците депониите не работат според законот.
– Сето ова укажува дека граѓаните се загрижени и неверуваат во нешто. Тоа мора да се поправи и тоа заеднички, рече Соња Летиткова поранешен држѓавен сектретар во министерството за животна средина.п
Според неа, Македонија е земја која ги пресликува европските норми, но клучно е дали и како работат надлежните институции како инспекции, Царина, лаборатории.
– Треба Царината, која има право и обврска да ги контролира пратките на отпад, посочи Лепиткова.