Институтот „АКСИОС“ го објави и четвртиот дел од спроведената анкета во врска со претстојните локални избори. Резултатите покажуваат победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа во Битола, во Аеродром и во Ѓорче Петров.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Битола, покажуваат дека најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.6% од испитаните граѓани. Зад Коњановски е кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски, за кој довербата ја дале 19,1% од граѓаните.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Аеродром покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 24,2% од испитаниците. Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски, за кого 18,9% од анкетираните се изјасниле ќе го дадат својот глас.
Резултатите од анкетата, во делот за општина Ѓорче Петров покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 24,8% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Наумоски за кого 19,2% од испитаниците рекле дека ќе гласаат.