Анкетите на НДИ проектираат постојан раст на довербата на гласачите во ВМРО-ДПМНЕ и топење на поддршката за СДСМ/ДУИ

Вчера објавената анкета на американскиот левичарски Национален демократски институт (НДИ) покажува континуиран раст на поддршката на избирачите за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно десницата, и продолжен пад на довербата на граѓаните во владејачките леви партии СДСМ и ДУИ.

Имено, анкетата на НДИ спроведена во април покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е поддржана од 21,5 отсто од испитаниците, наспроти 17-процентната поддршка што ја уживала партијата во анкетата на истиот Институт еден месец претходно – во март. Истовремено, двете главни партии во коалициската Влада – СДСМ и ДУИ во април имале стагнирање на довербата кај избирачите, социјалдемократите имено тогаш имале рејтинг од 13,9 отсто наспроти 12 отсто во март. „Интегративците“ водени од Али Ахмети и Артан Груби, пак, бележат пад на довербата кај нивните поддржувачи и во април нивниот рејтинг потонал на 6,2 од мартовски 8 отсто.

Односно, дури и вкупните проценти поддршка за двете владејачки партии со лева провиениенција се пониски отколку довербата што ја ужива водечката опозицска партија од десниот дел на политичкиот спектар.

Следењето на податоците од анкетите коишто ги презентира НДИ, така укажуваат на проекција од 4-процентен раст на речиси месечно ниво на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на владејачките партии, со тенденција на натамошно зголемување.

А на тоа укажува и податокот дека на прашањето во кој правец се движи државата, дури 56 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е во погрешна насока, додека само 11 проценти дека Македонија се движи во правилна насока.

Од друг, страна, забележлив е трендот на пад на довербата на граѓаните во коалицијата СДСМ/ДУИ. А начинот на управување на нивната Влада, особено многу дискутабилното справување со кризите во економската сфера, а уште повеќе и проблематичните од криминален аспект вложувања во големи инфраструктурни проекти, укажува дека силно влијаеле врз определбата на гласачите. Така, доколку во март повеќе од половината од испитаниците одговориле дека сѐ уште се неопределени или нема воопшто да го дадат својот глас, тој корпус речиси двојно е преполовен па сега изнесува вкупно 26,8 отсто.

Имајќи го предвид и големиот процент испитаници кои оценуваат дека земјата се движи во погрешна насока, станува јасно дека политиките што ги спроведува владата на СДСМ и ДУИ нема никаква поддршка кај граѓаните. Притоа, се забележува трендот на континуирано опаѓање на поддршката за владејачките партии којашто се сведуваат речиси на партриското и на оние кои од чисто лукративни причини даваат поддршка за власта, а што е многу колебливо и кревко гласачко тело.