Македонската хакерската група „AnonOpsMKD“ која е дел од глобалното движење „Анонимус”, а која вечерта на 15 јули го нападна агрегаторот на вести „Тајм.мк“, објави директна закана до сите партии доколку изберат Албанец за Премиер.
Тврдат дека не се поврзани со нападот на ДИК, а за тој напад посочија Косовски хакери кои се дел од истото хакерско глобално движење.
Во новата порака македонските хакери прашуваат: Здраво на сите, Ви фалевме?
Во продолжение даваат објаснувања за тоа што се случи на денот на изборите: Не сме поврзани со нападот на ДИК, за тоа обратете се кај браќата од Косово, а доколку ви треба помош за пронаоѓање на сторителите отворете „дарквеб“, тие 2-3 „сајбер“ експерти во МВР знаат што е „дарквеб“, ако не ги имате тие „под Кале“.
Македонскиге хакери велат дека не се поврзани со ниту една партија, но дека сите партии „ќе го јадат” подеднакво во текот на наредните недели, без разлика дали сте полуписмени, продадени души, фашисти или терористи.
Тврдат дека не финансирани од ниту една партија, странска држава или странска служба, туку дека се финансирани од гневот кон уништувачите на Македонија.
Не сме Руси, Кинези, Унгарци, духови сме, нас не не наоѓате, ние ве наоѓаме вас”, пишува во објавата во која даваат предупредување односно закана кон сите партии: Ако дозволите ДУИ да ве натера да изберете Албанец за Премиер, во замена за мандати – очекувајте цела Македонија ќе биде превртена наопаку, целосен „блекдаун“, ќе ви се случи во рок од 24 часа, не си го играјте к…от со македонскиот народ.
Очекувајте повеќе твитови и интересни напади наскоро и не се замарајте да барате ИП адреси, логови или да ги контактирате Твитер за помош, ИП адрестата ни е на Марс, логовите пак во Дрисла”, пишува во пораката на Макеоднскиге” Анонимуси” кои завршуваат со пораката „We do not forgive, we do not forget. Expect us, односно: Ние не простуваме, ние не забораваме. Очекувајте не!