Хакерската група „Анонимуси“ објавија дека хакирале десетици доверливи документи на српската Влада. На претседателот Александар Вучиќ му порачаа дека е марионета на рускиот претседател Владимир Путин и дека со него не завршиле уште, а го нарекоа и фашист.
„Анонимуси“ пред почетокот на јануари извршила серија напади на веб-страниците на државните институции под заедничкиот хаштаг „опсербија“.
На неколку различни профили на Твитер, кои го носат името Анонимус, имаше соопштенија за хакирање на веб-страниците на Војската на Србија, НБС, потоа веб-страницата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и веб-страницата на Министерството за надворешни работи и БИА.