Словенечкиот премиер Јанез Јанша имал во неделата во Љубљана „содржаен“ разговор со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, за состојбата во таа земја по тензиите откако непризнатиот Висок преставник во БиХ, Кристијан Шмид дека челникот на ентитетот Република Српска го загрозува мирот во земјата и во регионот.
„Територијалната целост и почитувањето на постојното уставно уредување со уважувањето на еднаквите критериуми за сите се темек за соживот на сите народи во БиХ и разрешувањето на актуелните дилеми“, изјави Јанша по разгворот за кој извести на Twitter.
Словенечкиот премиер, чијашто земја во овој семестар претседава со Советот на Европската унија, даде поддршка за европскиот пат на Босна и Херцеговина.
„Инднината е во целосната сувереност на БиХ и членството во Европската унија“, наведува уште Јанша за средбата која дојде ден откако во Бања Лука унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше со Милорд Додик а од која немаше подетални извештаи. И Јанша и Орбан се на удар на неолибералниот естаблишмент во Брисел кому му пречат нивните суверенистички национални политики.
Словенечките медиуми потсетуваат дека состанокот на Додик со Јанша е одржан неколку дена откако Високиот претставник за БиХ на ткн меѓународна заедница, всушност земјите од ткн квинта или петте западни земји, германскиот политичар Кристијан Шмид, минатата седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поднесе извештај за состојбата во БиХ во кој го критикува Додик.
Но Додик решително му го оспорува легимититот на Шмид, бидејќи неговото именување на должноста не го потврди Советот за безбедност при Обединетите нации и го обвинува дека по желба на Западот сака да го укине ентитетот Република Српска.