7.8 C
Skopje
четврток, декември 19, 2024

Јаншев: Негрижата за земјоделците е одлика на СДСМ

Денеска Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев ја посети општината Чешиново – Облешево. Од таму Јанушев порача дека СДСМ ќе падне на овие избори бидејќи ништо не направија за граѓаните ниту во земјоделството, ниту во другите полиња.

„Имавме средба со оризопроизводителите со кои што разговаравме за нивните проблеми и за она што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи односно ќе помогне на овие луѓе за како полесно да се справат со проблемите. Она што го слушнавме од оризпроизводителите е огромната запоставеност и негрижа која што ја добиваат од оваа власт“, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека тоталното игнорирање на земјоделците, негрижата и не залагање да им се помогне е одлика на СДСМ и Николовски.

„Но што друго може да очекуваат од таков човек. Човек што само после година дена избега од министерството, и се сокри позади партиската функција“, нагласи Јанушев осврнувајќи се за поранешниот неспособен министер Љупчо Николовски кој ги запостави земјоделците.

Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се помогне на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се работи напорно за обезбедување на подобри услови на земјоделците.

-Пред некој ден ме запрашаа кои се трите приоритети за изборната единица 3. Она што тогаш го кажав го повторив и сега пред жителите на Чешиново – Облешево. Под еден ќе биде земјоделието, инвестициите во земјоделието и она што сакаме да го постигнеме во четиригодишниот мандат е да имаме еден среќен, горд земјоделец кој што ќе живее еден нормален и достоинствен живот. Но достоинствен живот не само за земјоделците туку за сите граѓани на државата, за сите во Република Македонија. Она што го гледаме исто така во средбите со сограѓаните е огромното незадоволство буквално во секое поле“, појасни Јанушев.

Јанушев ги повика од СДСМ да кажат или да посочат барем еден проект, не мора да е само во земјоделието нека биде од било кое поле., со кој што тие мора да се пофалат. Нешто што сами го направиле, го смислиле, го финансирале или барем го започнале. Но за жал такво нешто не постои.

„Ова се убедливо најнеспособните луѓе, еден од тие најнеспособни е токму Љупчо Николовски. Тоа е човек кој нема ништо направено за државата, единствено е што тој и другите од СДСМ мислат на своите лични интереси. И токму затоа и ќе паднат“, потенцираше Јанушев.