Македонскиот кошаркар со НБА кариера Перо Антиќ денеска стана член на Собранието на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Антиќ сѐ уште не е официјално во играчка пензија, а кон крајот на минатата година се зборуваше за негово реактивирање во Работнички за вториот дел од сезоната. Но засега од тоа нема ништо.
Да потсетиме дека тој во моментов тој е и претседател и најголем акционер во кошаркарскиот клуб Гостивар.