Антиќ двоцифрен и во победата на Атланта над Јута

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и на четвртиот натпревар во низа по враќањето на теренот, имаше двоцифрен ефект, овој пат во триумфот на Атланта на гостувањето против Јута со 112:110.

Антиќ за 23 минути на паркетот постигна 12 поени три скока и истотолку асистенции. Корвер беше најдобар кај Атланта со 26 поени, додека во спротивниот табор Треј Бурк заврши со 23 постигнати поени.

Шампионот Мајами Хит кој ја прекина низата од три едно по друго порази, откако славеше над Вашингтон со 99:90.

Резултати: Шарлот – Денвер 105:98, Бруклин – Торонто 101:97, Мајами – Вашингтон 99:90, Њујорк – Филаделфија 123:110, Милвоки – Орландо 105:98, Јута – Атланта 110:112, ЛА Клиперс – Феникс 112:105.