Единствениот македонски кошаркар во НБА – лига, Перо Антиќ, најверојатно, нема да биде во можност да настапи на Ол -Стар натпреварот. Тој беше избран во тимот на руки-играчите, кои ќе ги предводи Грент Хил Но, најнова информација е дека на местото на повредениот Перо Антиќ, повикан е Мајлс Пламли, кој ќе биде дел од големиот спектакл на воведниот ден од Ол –стар бикендот, кој ќе се одржи од 14 – 16 февруари во Њу Орлеанс.
Центарот на Феникс санс, Мајлс Пламли, доби дополнителен повик за Ол – Стар мечот, што значи дека Антиќ сепак нема да биде подготвен за настап следниот викенд. Тој вчера ја „соблече“ специјално изработената „чизма“ која го заштитуваше повредениот дел од скочниот зглоб, а лекарските проценки се дека не треба да ризикува со настап на Ол -Стар викендот. Повредата е единствената причина порари која тој најверојатно нема да настапи на овој спектакл.