Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ, имаше скромен учинок во поразот на неговата Атланта на гостувањето кај Минесота со 107:83. Тој за 15 минути на паркетот постигна 3 поени и четири скока. Кори Бруер и Кевин Мартин со по 18 поени беа најдобрите во победничкиот тим, а Скот со 15 коша беше најефикасен кај Атланта.
Во цврст натпревар од почетокот до крајот, ниту 38 поени на Леброн Џејмс, не му помогнаа на шампионот Мајами да се спаси од поразот од Индијана. Пол Џорџ со 23 поени, осум скока и четири асистенции, и Рој Хиберт со 21 поен беа предводници во триумфот на Индијана.
Резултати: Шарлот -Бруклин 116:111(пр), Вашингтон – Феникс 93:99, Бостон -Торонто 90:99, Детроит – Кливленд 96:97, Индијана – Мајами 84:83, Минесота – Атланта 107:83, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 98:96, Сан Антонио – Денвер 108:103, Сакраменто – Њујорк 99:107, Јута – Мемфис 87:91.