Македонскиот кошаркар во НБА лига, Перо Антиќ, имаше блескава вечер против шампионот Мајами во големиот триумф на неговиот тим Атланта со 121:114. Антиќ постигна 17 поени, кои ги надополни со шест скока и три асистенции, во дуелите против Леброн Џејмс,идругитеѕвездина „жешките”.
Антиќ имаше фантастично прво полувреме во кое уфрли 12 кошеви, но на самиот почеток од третата четвртина влезе во проблеми со личните грешки. Мораше да биде повлечен од паркетот, а повторно се врати во последниот период, кога се решаваше мечот и постигна дел од одлучувачките поени.
Леброн Џејмс уфрли 30 кошеви за тимот на Мајами, Крис Бош беше стрелец на 21 поени, а Марио Чалмерс постигна 17 кошеви. Двејн Вејд не беше во составот на Мајами.