1.8 C
Skopje
недела, декември 22, 2024

Антикорупционерите порачаа да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек

Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запознаена, како и мерки кои не се непосредно поврзани со санирање на последиците од корона кризата, укажува Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Комисијата, популанор позната како „Антикорупциска“ која на 21-ви и 22-ри мај заедно со претставник од Платформата на граѓанските здруженија за борба против корупција имаше средба со министерката за финансии Нина Ангеловска и со советникот за економски прашања во Владата Фатмир Битиќи, во врска со третиот сет економски мерки, апелира и да се внимава едно лице да не користи надоместоци од различни мерки, да се обезбеди целосна транспарентност за лицата кои како корисници ќе бидат опфатени со секоја мерка поединечно.

Можноста преку електронска платформа секој граѓанин да го следи процесот, ќе обезбеди, смета ДКСК, почитување на начелото на транспарентност во спроведувањето на мерката.

На средбата за третиот антикризен пакет, Ангеловска и Битиќи информирале дека при подготовката на мерките се следеле препораките на Европската комисија и ОЕЦД, кои се дадени во насока на опоравување на земјите погодени од пандемијата. Министерката и советникот рекле дека мерките се темелат на спроведена анализа и проценка на состојбите во домашната економија, на компаративна анализа со земјите од регионот, како и на анализа на ефектите од презементите мерки.

„Исто така, бевме известени дека само четири мерки е можно побрзо да сереализираат, откако ќе бидат целосно завршени сите делови од процесот на подготовка, што е извесно да се случи во третиот квартал на годината. Како што беше наведено, мерките биле подготвени низ екстензивен консултативен процес со многу експерти и претставници на коморите и политички партии од опозицијата, со единствена цел да сестимулира потрошувачката и да се поткрепи домашната понуда, односно да се намалат последиците од кризата во економијата“, наведуваат од ДКСК.

Станува збор за мерките: Домашна платена картичка од 9.000 денарии Поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6.000,денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари со кои се опфатениранливи категории и семејства кои имаат приход помал од 15.000 денари. Изборот на корисниците на оваа мерка ќе се врши системски односно електронски врз основа на вкрстување на податоците од Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, при што во Генералниот Секретаријат ќе се креира платформа на корисници.Со тоасе избегнува ризикот од селективен избор на корисниците, акраткиот рок од 30 дена за реализација на меркитедавауверување дека преку зголемената потрошувачка на населението ќе се ублажат последиците што ги трпи економијата одкризата.

Мерката „награда на докторите и медицинскиот персонал на инфективните одделенија“ во овој период на пандемија не е предмет на проценка од аспект наризик на влијание врз гласачкото тело, мерката „надомест за невработеност за лицата кои го изгубиле работното место“ не е нова мерка, туку е дополнета со бројот на лицата кои спогодбено останале без вработување.

Прашањата на ДКСК и на претставникот на Платформата на средбата, како што информира Комисијата, биле насочени кон можното влијание на мерките врз гласачите доколку предвремените избори наскоро се одржат, при што фокусот бил ставен на тоа дали мерките се носат поради неопходна потреба, нужност и итност, односно дали се тесно поврзани со причина која предизвикала настанување на вонреднатасостојба, кои се критериумите за определување на целната група корисници и дали се почитува начелото на транспарентност и отчетност