Антикорупциска отвори предмет за договорот за лиценците на Мајкрософт кои ги добила фирма блиска до премиерот Ковачевски

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека оформила предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.

Во врска со јавно упатениот повик на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од страна на Владата на Република Северна Македонија, со наведување дека „како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот“, Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека во ДКСК е оформен предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.

Предметот, согласно со деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа и постапувањето по истиот е во тек “- нагласува ДКСК.