Антисемитизмот во Австрија достигнал рекордно ниво

Инцидентите поттиканти од антисемитизам се зголемиле минатата 2020 година во Австрија на рекордно ниво откако еврејската заедница во оваа земја започнаа систематски да ги бележи пред 19 години, покажува извештајот презенетиран во понеделникот.

Бројот на пријавените инциденти, кои се движат од навредувања преку социјалните мрежи до физички напади, се зголемил за 6,4 отсто во текот на минатата 2020 година на вкупно 585, покажуваат податоците на Бирото за информирање за антисеитизмот на Еврејската заедница во Виена (IKG), тело коешто службено ги претставува австриските Евреи.

Неговиот годишен извештај се укажува дека трендот на зголемувањета и натаму продолжува. Двата месеца со најмногу инциденти биле ноември и декември, кога протестите против мерките за „затворање“ поради пандемијата коронавирусот земаа замав.

„Протестите против владните мерки, исто така, оставиле своја трага, и доведоа до посилен пораст на антисемитските инциденти. Тие најмногу се оденсуваат на реалтивизација на холокаустот и ширење на антисемитските теории на заговорот“, се наведува во извештајот.

Главно недозволените протести против „локдаунот“ и носењето маски привлекоа многу разнолична маса од австриската популација, а според извештајот меѓу нив имало и оние кои ги поддржуваат теориите на заговорот и неонацистите.

Извештајот наведува дека некои ја носеле жолтата Давидова ѕвезда, сугерирајќи со тоа дека оние кои се противат на мерките се третираат како Евреите во холокаустот.

Насилничкото однесување, вклучително и преку интернет, сочинувале 62 отсто од инцидентите. Единствената категорија во којашто бројот на инцидентите не се зголемил е уништувањато на сопственост. Физичките напади сочинувал 2 отто од инцидентите, со вкупно 11 пријавени, додека во претходната 2019 година имало шест вакви инциденти.