Антисемитски испад на навивачите на Унион Берлин

Група екстремни навивачи на германскиот бундеслигаш Унион Берлин ги навредувала навивалите на Макаби Хаифа и извикувала антисемитски пароли во текот на натпреварот во четвртокот вечерта игран во рамките на Конференциската лига во Берлин.

Унион го совлада Макаби со 3:0 на натпреварот од второто коло во Конференциската лига, одигарана на Олимпискиот стадиони, кој е изграден 1936 година за Олимписките игри кои ги организираше тогашна нацистичка Германија.

Поради ограничувањата во врска со пандемијата на коронавирусот на наптреварот присуствива 23.324 навивачи, од кои речиси илјада проврзаници на израелски Макаби.

Филијалата на младите на локалното германско-израелско друштво објави дека нејзините членови биле навредувани од некои локални навивачи во текот на натпреварот, додека заедно седеле на трибитени измешани со навивачите на Унион. Се наведува дека група навивачи на домашниот тим ги гаѓала со пиво и извикувала „Евреи“.

Навивачите на Унион Берлин се обиделе и да запалат израелско знаме, коешто насилно го одземале од израелска навивачка, пред полицијата да ги спречи во намерата.

„Имаше навивачи на Унион кои се противеа на таквото однесување. Моравем да минеме во делот каде беа сместени навивачите на Макабеи за да бидеме безбедни“, се наведува во соопштението на друштвото.

Мрежата против дискриминациите во европскиот фудбал FARЕ соопшти во петокот дека „сведоците биле шокирани од нивото на антисемитизмот на мечот и објавија форогравии на коишто се гледа како навивач на Унион изведува нацистички поздрав кон гостинските навивачи и ги навредува оние кои го преудредуваат на однесувањето.

На фотографиите се гледа уште еден навивач кој изведува нацистички поздрав, кој во Германија е забранет и се казнува со затвор.

Фудбалскиот клуб Макаби од Хаифа не пријавил инциденти по натпреварот.