
Британските научници открија дека имунитетот кон коронавирусот може да се развие и кај пациенти кои претходно немале Covid-19, а резултатите од истражувањето се објавени на порталот Science.
Во подолгата стручна студија се наведува дека експертите проучувале анализи од 302 пациенти и откриле антитела на коронавирусот кај 16 од нив. Притоа се твреди дека антителата се појавиле кај пациентите по инфекцијата со друг „роднински“ вирус на SARS-CoV-2.
Начниците заклучиел дека некои луѓе може да имаат дека од претходно ткн позајмен имунитет. Досега не е докажана ефикасноста на ваквата имунолошка одбрама од новиот коронавирус.
Исто така, се забележува дека антителата пронајдени кај оние пациоенти кои немале Covid-19, се разликуваат од оние пронајдени кај пациенти кои биле заразени со вирусот.