Нивото на антителата на новиот коронавирус SARS-CoV-2 се зголемило и останало стабилно и четири месеци кај повеќе од 90 отсто од пациентите на Исланд кои прележале Covid-19, покажува студијата од кои резултатите се објавени во вторникот во научното списание The New England Journal of Medicine.
Претходните студии покажуваа дека нивото на антителата значително паднало за само неколку месеци по заздравувањето од Covid-19, поради што се поставуваше прашањето за траењето на стекнатиот имунитет.
Новото откритие може да доведе до заклучоци врзани со повторното заболување и трајноста на вакцината, изјави главниот директор на „Code Genetics“, Карл Стефансон, кој го водел истражувањето.
За да добијат слика за тоа колку луѓе Исланд биле заразени со новиот коронавирусот и да дознаат повеќе за имунитетот по закрепнувањето од болеста, истражувачите го мереле нивото на антителата ја повеќе од 30.000 Исланѓани.
Врз основа на добиените резултати, научниците процениле дека заразени биле околу 1 отсто од населението. Од таа група 56 отсто имале дијагноза потврдена со стандардниот PCR лабораториски проблем. Кај 14 отсто болеста не е службено дијагностицирана, но биле во карантин по изложеноста на вирусот. Кај преостанатите 30 отсто анализата на антителата покажала дека дека претходно биле заразени.
Кај 91 отсто од 1.215 лица кај коишто заразата била потврдена со PCR тест, новото на антителата растело во текот на првите два месеца по дијагнозата, а потоа ја достигнала највисоката точка на која се задржала, се наведува во студијата.
Ова истражување било насочено на хомогеното население на една земја, па резултатот можеби не би биле исти во други делови на светот со поинакво население.
Коментарот објавен во списанието со студијата, предупредува дека не е јасно дали антителата ќе ги заштитат закрепнатите пациенти од нова инфекција со вирусот. Но, сепак, покажува дека тестирањето на антителата може да биде алтернатива на самото тестирање на инфекцијата, како дека може да се добијат подобри резултати во следењето на популацијата, во периодот кога многу земји ги разгледуваат можностите од безбедно отворање на стопанствата и училиштата.