Истрагата за убиството на британскиот пратеник сет Дејвид Ејмс, смртно избоден во петокот во текот на средбата со избирачите во неговата изборна единици на југоистокот од Англија, е доверена на противтерористичката служба, објави полицијата во петокот вечерта.
„Истрагата е во раната фаза и ја водат службеници од антитеротистичката управа“, изјави шефот на локалната полиција, Бен-Џулијан Харингтон на прес-конференција.
„Иследниците ќе утврдат дали станува збор за терористички чин“, додаде шефот на локалната полиција.
„Дваесет ипегодишен маж е осомничен за убиството е набрзо е уапсен по доаѓањето на полицијата ан местото на нападот“, објави локалната полиција и додаде дека го пронашла ножот, пренесува BBC.
Дејдви Ејмс, 69-годишниот конзервативен пратеник, беше избоден со нож околу пладнето кога напаѓачот влегол во црквата додека политичарот бил на средба со гласачите во местото Ли-он-Си, шеесетина километри источно од Лондон. И покрај напорите на итната медицинска помош, Ејсм починал на самото место на нападот.
Убиството предизвика огорчување во Велика Британија. Премиерот Борис Џонсон му одаде почите на пратеникот Ејсм и го опиша како извонреден функционер и сакан пријател и колега.
„Во шок сме поради убиството на сер Дејвид Ејмс, убиен во неговата општина во црква по речиси 40 години служење на народот од Есекс и во цела Велика Британија. Дејвид страсно веруваше во оваа земја и во нејзината иднина и денеска изгубивме извонреден јавен функционери и сакан пријател и колега“, рече Џонсон.