![kumanovo-04 Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/kumanovo-04.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
Полицијата во моментов спроведува голема антитерористичка акција на повеќе локации во Македонија против припадници на ИСИЛ во земјава.
Оваа антитерористичка акција според првичните информации е насочена и против лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации.
Апсења во повеќе градови
Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Во Скопје, Струга и Куманово уапсени се неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и други локации.
Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.
Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата антитерористичка акција.
Кумановка и се приклучи на Исламска држава
Кумановка и’ се приклучила на Исламска држава, откако побегнала од дома пред неколку месеци.
Станува збор за осумнаесетгодишна девојка, кој моментно најверојатно е во редовите на Исламска држава во Ирак.
Девојката најверојатно се омажила
Кумановката и’ се приклучила на Исламска држава, откако побегнала од дома пред неколку месеци, а татко и’ рекол дека е подготвен да стори сè што е можно за да ја врати ќерка си дома. Девојката бегалка во разговор со семејството рекла дека е во Ирак и дека се чувствува безбедно.З.К. била во контакт со другарки од Косово, за кои се претпоставува дека биле регрутирани од Исламска држава во исто време, велат членовите на семејството.