6.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор – за истиот тендер годинава платила 7 милиони евра повеќе од минатата година

Македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДСМ и ДУИ која сигурно ја носи државата во распад, го достигнува дното со измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ. Минатата зима имавме прогласено кризна состојба во енергетиката која поради незнаењето, криминалот, како и енормната партизираност на енергетските компании, не чинеше неверојатни 171 милиони евра, директни средства од Буџетот на Република Македонија, кои се префрлија во државната компанија- Електрани на Македонија, вели на денешната прес-конференција Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочува дека годинава состојбата е уште полоша. За неполн месец увезена е електрична енергија за околу 20 милиони евра!

-Дека состојбата во ЕЛЕМ е алармантна доказ е и следното:

на 22.11.2022 година во РЕК Битола се склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума – токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат.

Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку.

Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13.500.000 евра паднала на 13.000.000 евра т.е. имало намалување од половина милион евра.

Како е можно за истиот тендер минатата година РЕК Битола да платила 13.000.000 евра а оваа година 20.000.000 евра, цели 7.000.000 евра повеќе.

Меѓутоа лакомоста и криминалот во РЕК Битола не завршува тука. При реализација на овие тендери истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен кои во рудниците во БРОД ГНЕОТИНО не се обезбедени, ниту пак некој ги контролира и истиот товар се наплаќа односно се фактурира неколкукратно. Испорачаната количина на јаглен е неколкукратно помала бидејќи се испорачува еден товар, а се наплаќа повеќепати, се наплаќаат повеќе фактури за истиот товар.

Директен резултат на ваквиот хаос е цената на струјата која ја плаќаат компаниите во Македонија, која е една од највисоките во Европа.

Почитувани, ова е сликата за македонската енергетика раководена од СДСМ и ДУИ.

Електроенергетскиот систем на Република Македонија е изграден со НАРОДНИ ПАРИ, кои сега безмилосно се трошат поради погрешното менаџирање и профит на поединци. Ова нема да помине неказнето. нагласи Антовски.