Енергетската криза која трае повеќе од една година е директна последица од недомаќинското и нестручното работење на Владата. Политиките кои Владата ги води од доаѓање на власта се директна последица и не ја гледам владата како решение, туку како продуцира проблеми, рече Стевче Антовски, член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него проблемите ги започна самата Влада со усвојување на тн. зелено сценарио за до 2040 година, според кое треба да се исфрлат фосилните горива од употреба за производство на енергија.
-Кога Владата започна да го реалзиира ова сценарио кое е нереално за нашата ситуација и воопшто не одговара на состојбата на нашата енергетика и дојдовме до ова лошо сценарио. Ветија инвестиции во обновливи извори на енергија, а тие се симболични. Поважен процес според мене е затворање на термоцентралите и тие престана да вложуваат во нивно одржување и бевме сведоци на секојдневни хаварии во РЕК Битола. Тоа води кон несоодветно искористување на рудниците. Има и нестручно работење со хидроцентралите, рече Антовски.
Последиците од енергетската криза, додаде Антовски, ги чувсвтува и локалната самоуправа.
-Довербата граѓаните ја дадоа на лица од ВМРО-ДПМНЕ, но имаме енергетска кризна состојба, економска криза и сметките за струја се енорми. Со тоа нарушена е ликвидноста на буџетите на општините. И прашање е како да обезбедите нормален процес и дополнително да ги реализирате проектите, кажа Антовски укажувајќи дека Владата е должна на помогне во ваква ситуација.