Игор Јанушев , генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вклучување во вестите на Канал 5 зборуваше за отпочнување на преговори на Република Македонија во ЕУ каде посочи дека владата на СДСМ прославуваше неколку пати за ова, но не добивме датум.
-Стремеж на Република Македонија е членството во ЕУод самото осамостојување односно од независноста на државата. Сите претходни влади работеле на ова прашање да се случи, но за жал по сите најави, по се она што се случуваше изминативе години, сите условно неколку датуми ги добивме и ги прославивме, отпочнување на преговори сепак тоа не се случи.Ако се земе во предви кој ја води државата нормално е дека Репумлика Македонија нема да отпочне преговори, истакна Јанушев.
Јанушев во своето гостување порача дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја презема власта во државата буквално во сите сегменти ќе биде подобро од ова што го гледаме ви три и повеќе години