
Собранието денеска ја почна расправата за изборот на нова Влада. Пратениците ќе го разгледаат и дебатираат предлог составот на новата млада, на мандатарот Зоран Заев, по што тој треба да биде изгласан најдоцна до утре на полноќ. А седницата започна со бурна реакција од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој реагираше дека осум од пратениците се со неверификувани мандати. Тој ја оспори процедурата за верификација на мандатите на новите пратеници, кои влегоа на местата на пратениците кои стануваат министри.
– Морам да укажам дека во моментов во оваа сала имаме осум пратеници коишто немаат легитимитет, ниту на легален начин им се верификуваше мандатот, рече Јанушев.
Претседателот Талат Џафери пак исто така го повика Јанушев да го прочита Деловникот, и му порача дека партиите се одговорни што два месеци не ги свикале работните групи.
– Освен што јавноста виде дека сте рекетари и неспособни, сега сте и неписмени – рече Јанушев на која в самиот старт упати остра критика кон присутните, на што беше опоменат од спикерот Џафери кој го упати на кординаторите и потенцираше дека негова должност е да го спроведува деловникот. Toј му се обрати на Јанушев и му рече да го прочита членот 60.