Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ смета дека принудувањето на граѓаните да излезат на гласање во вакво време е еднакво на злостор.
„Некој ќе треба да одговара доколку се случи нешто несакано. Зарем толку се важни тие неколку денови кои се лицитираат како датуми за изборите, а не се важни животите на граѓаните? Договор ќе се постигне, избори ќе има, но до тогаш ќе работиме сите во служба на граѓаните и нивното здравје“, изјави Јанушев за „Телевизија 24“