енералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска на прес-конференција излезе со различно толкување на изборните рокови, како и со став дека претседателот на Собранието Талат Џафери треба да донесе ново решение за датум за избори.
Тој смета дека рокот од 60 дена за избори од распуштање на Собранието е истечен, а Владата со уредбата не можела да го замрзнме бидејќи рокот е пропишан во Уставот, а тој е над Уредбата.
„Многу е релевантно прашањето во однос на 60 дена рок за одржување на изборите од распуштањето на Собранието и мора да признаеме дефакто дека тој рок истече бидејќи Собранието се распушти на 16 февруари, 60 дена истекуваат негде на 16 април односно неколку дена после денот на кој што требаше да се одржат изборите. Се наоѓаме во една ситуација во која што поради вонредната состојба, поради криза со коронавирусот едноставно и поинаку не можеме да постапуваме“, вели Јанушев.
Владата, вели понатаму тој, не може со Уредба со законска сила да го пропише денот на изборите зошто, бидејќи согласно ставот 1 од член 12 од Изборниот законик претседателот на Собранието е единствениот кој што го пропишува односно определува датумот за изборите.
На прашање дали ВМРО-ДПМНЕ би ги бојкотирала изборите ако тие се одржат во јуни, Јанушев не даде конкретен одговор. Тој рече дека е невозможно да ги повлечат кандидатските листи бидејќи тоа е завршено дејствие и нема начин да се повлечат.
„Во однос на можноста за бојкотирање на изборите, уште од првата средба кај претседателот Пендаровски сите политички партии, сите чинители кои што бевме таму присутни се договоривме и дадовме збор, што и да се случува во однос на следните решенија, дека тоа ќе биде со консензус. Без разлика на оваа шарада и игра која што ја гледаме од Заев, па поставување на ултиматуми, некакво покажување на сила, јас се надевам дека ќе најдеме начин како да договориме кој ќе биде датумот за избори и дека тоа всушност ќе биде со консензус. И кога сме веќе овде би морал само уште една работа да напоменам дека буквално сите политички чинители кои што беа присутни на лидерската, со исклучок на Заев, се за изборите да бидат нешто подоцна летово, а не во јуни. Значи човекот е буквално сам осамен во своите барања и ако сака да постигне консензус не гледам како може да иде со глава во ѕид против сите“, вели Јанушев.