Не само на договорите и националните предавства кои што ги направија, многу поголеми предавства или барем исто толку големи предавства се и целиот криминал и корупција, како и неработењето и доверувањето на питачки стап на целокупниот македонски народ. Стојам на таа изјава и сметам дека се што имаат против законско и нелегално, треба и ќе одговараат сите до еден, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24.
Јанушев рече дека СДС и ДУИ, и ВМРО-ДПМНЕ имаат различна перцепција во однос на европските вредности, укажувајќи дека за ВМРО-ДПМНЕ не е евроспка вредност секојдневните пукања, убиства, криминал, како и нападите врз контролорите во македонска навигација во момент кога управувале над 60тина авиони.
Дали има поголемо заплашување од секојдневните убиства, пукања, криминал, грозоморните убивства и киднапирања, пукањата по трговски центри, палењата на автомобили, пукањето по познати хотели. Значи Скопје и цел Македонија е станато како Див Запад. Има ли поголеми заплашувања и тоа внимавајте од кого? Од оние кои себеси се нарекуваат дека се за европски фронт. Значи ако се тоа тие вредности, тогаш очигледно различно ги перцепираме вредностите. За нас не е ЕУ вредност да влезеш во контролна кула и да ги нападнеш контролорите додека опсложуваат 60тина авиони над македонското небо, дел на полетување и слетување и тоа во сложение временски услови. За нас не се европски услови да се обидуваш да ја лажеш македонската јавност при најгозоморното двојно убиство. За ВМРО-ДПМНЕ тие вредности не се европски вредности, истакна тој.
Јанушев посочи дека после скоро 8 годишно владеење на владата на СДС и ДУИ, граѓаните точно можат да направат разлика помеѓу сегашната власт и власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Колку и да се случија лоши работи во овие 8 години владеење на СДС и ДУИ, од една страна колку и да целото општество потона, има една работа која што народот може да ја види, а тоа е која беше разликата помеѓу условно кажано “режимот“ во тоа време со сите свои негативни карактеристики кои што ги имаше и оваа “слободумна мисла“ на моменталните раководители на државата, изјави Јанушев.
Во однос на уставните измени, Јанушев го повтори ставот на партијата дека нема да прифатат уставни измени под бугарски диктат.
Нашата клучна теза е дека одбиваме и никогаш нема да прифатиме уставни измени под бугарски измени, односно уставни измени онакви какви што се предложени сега, дециден е Јанушев.