Во емисија „Само Вистина“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој што посочи дека СДСМ со дополнување на Изборниот законик одат со глава во ѕид. СДСМ која се будеше и заспиваше со зборот ЕУ, сега не ги слуша нивните препораки поврзани со дополнување на Изборниот законик.
Недоразбирањата кои што ги имаат во владината коалиција е нивна работа и треба да си ги решат проблемите внатре, СДСМ и ДУИ.
Нашиот став од самиот старт во однос на Изборниот законик е доволно јасен и прецизен и покрај тоа што успеавме за 99% за работите да се договориме. Но сепак од кога се договоривме по не знам кој пат ретерираа и се повлекоа, меѓутоа тоа е својствено за СДСМ и Заев, појасни Јанушев.
Јанушев додаде дека ова се случува намерно од страна на СДСМ, се со цел да се изгуби време, да се договорат за работите и да кажат „Пу, пу, не важи“.
Имаме 30-тина години независност на суверена Република Македонија и ниту еднаш до сега не се случило да се носат измени на Изборен законик или Изборен законик каде што нема консензус помеѓу големите политички партии, нагласи Јанушев.
Јанушев се осврна на тоа дека СДСМ на еден криминален начин, насилнички, шверцерски се обидуваат да некои работи ги протуркаат во Собранието. И тоа го прави СДСМ бидејќи се свесни дека на предвремените парламентарни избори ќе изгубат.
Измени и дополнувања на Изборниот законик треба да се донесе во однос на препораките на ОБСЕ и ОДИХР и тоа е еден неминовен факт кој што мора да се направи. Меѓутоа и самите ОБСЕ и ОДИХР како една меѓународна институција која што е надлежна, која што е најупатена и ги следи сите изборни процеси секаде во свет, самите тие препорачуваат да не се прави измена на Изборниот законик, барем година дена пред изборите, посочи Јанушев.
Јанушев образложи дека не може да го разбере СДСМ бидејќи тие се будеа и заспиваа со зборот ЕУ, а сега кога им кажуваат надлежните од ЕУ што не треба да прават тие не ги слушаат. Односно СДСМ оди буквално спротивно на сите препораки од ЕУ.