„Мораме да се избориме земјоделците да го добијат заслуженото и никогаш повеќе да не бидат злоупотребени. Да го вратиме достоинството во здравството, за лекарите и медицинскиот персонал, но и за пациентите. Да направиме силен економски бум кој ќе донесе приходи за бизнисот и повеќе пари за граѓаните. Да си ги вратиме добрите луѓе кои си заминаа од земјава. Да започнеме сериозна борба против загадениот воздух за да спасиме животи. За да го направиме ова потребно е да ги победиме овие кои ни го донесоа сето ова поради кое денес тонеме“, истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во отвореното писмо што го испрати до граѓаните на Македонија и до медиумите, во кое во воведниот дел вели оти писмото го пишува не за да каже колку државата е тргната во погрешен правец, затоа што на на сите им е јасно тоа, туку да остане запишано што зборувале, за што се бореле, за која кауза..
„Падот на оваа власт е извесен и очекуван. И тој пораз на оние кои ни носат само порази мора да биде голем и убедлив, за да имаме сила да ги смениме работите. И нема да ви поминат сите лаги кои ги посипувате и со кој ја напаѓате вистината, нема лага која не ви ја демантираше времето, да ги редам ли??? … дека ќе добиеме датум за преговори, дека нема да има предвремени избори, дека ќе го отворите судството како пупка…“, констатира Јанушев.