0.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Јанушев: Во очај и немоќ сакаат да го оцрнат моето име, чест и углед

Изјава на носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев

Веднаш по изборите ќе започнеме со разгледување на можноста за поврзување на Македонија со Република Бугарија преку граничниот премин кај Делчево, во рамките на Коридорот 8А, во соработка со Република Бугарија.

Се обрзуваме на навремена исплата на субвенциите на земјоделците со што ќе обезбедиме извесност и можност да планираат како да се развиваат.

Зголемувањето на плататите за 25%, зголемувањето на пензиите за 20% и намалување на невработеноста под 10% се наши најважни економски проекти превидени во програмата Проект „Обнова“.

Политичкиот противник во очај и немоќ, немајќи со што да се пофалат дека направиле, се обидуваат да го извалкаат моето име, чест и углед. Ги повикувам, било кој од СДСМ, да каже еден проект што тие го смислиле, го финансирале и барем го започнале. Такво нешто не постои, бидејќи станува збор за најнеспособната влада во историјата на Македонија, чиј единствен интерес е криминал, корупција, лаги и манипулации.

#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова