Јанушев: Законот за ЈО не е услов за започнување на преговорите со ЕУ

„Криминално-рекетарската банда на власт била охрабрена и со поголема надеж затоа што била остварлива целта за почеток на преговорите со ЕУ на пролет, но дека за тоа било потребно да се донесе законот за јавно обвинителство.

Иако, законот за ЈО никаде не е наведен како услов за започнување на преговорите, Заев и бандата користејќи ги своите “натприродни способности” наведуваат дека било очигледно дека земјите членки на ЕУ се многу сензитивни по ова прашање, така што независно што формално не е услов, убедени биле дека работата ќе се “прекрши” за сите да кажеле да.

Исто така, додаваат дека неможноста на Советот на ЕУ да донесе одлука во октомври за започнување преговори било очигледно разочарување и создало атмосфера на неизвесност и непредвидливост на перспективата на ЕУ и поттикнало потрага по алтернативи за членството во ЕУ, со што се испратил лош сигнал до Регионот со поттикнување на регресивните и националистичките политички сили.

Тоа што се најнеспособна влада во историјата на Република Македонија и што не направија ниту една реформа, а да се потсетиме на 3-6-9, па 18, па не знам што уште не измислуваа само за да манипулираат и лажат дека, еве, нешто ќе сработат, тоа не е важно, а?

Заев и СДСМ со обидот (а, ќе биде неуспешен) за измени на Изборниот законик одат со глава во ѕид. Заев и СДСМ се тие кои се будеа и заспиваа со зборот ЕУ, а сега кога им кажуваат од ЕУ (ОБСЕ/ОДИХР) што не треба да прават тие не ги слушаат, односно СДСМ оди буквално спротивно на сите препораки од ЕУ.

П.С. – а, еве погледнете што има и Пендаровски да им порача во контекст на ЕУ“, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.